Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2016

Надал не игра во Торонто, но ќе оди во Рио

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од Роџерс купот во Торонто бидејќи сè уште не ја излечи повредата на зглобот која го мачи веќе извесно време.

Надал не играше откако се повлече од Ролан Гарос пред третото коло, но најави дека ќе игра на Олимписките игри во Рио, кои започнуваат за нешто повеќе од две седмици. 
„Започнав со тренинзите пред една седмица по повредата на зглобот и не сум подготвен за толку голем турнир. Се радувам за игрите во Торонто за две години, бидејќи секогаш имав одличен третман таму, како и голема поддршка од навивачите“, истакна Надал.
Надал исто така истакна дека планира да стигне во Рио недела дена пред почетокот на игрите, кои ќе бидат отворени на 5-ти август.
Пред Надал, од Роџерс купот веќе се повлекоа Енди Мареј и Роже Федерер.
Натпреварувањето во Торонто почнува во понеделник.

Најнови вести