Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2016

МОК ги изместува натпреварувањата во Русија

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) бараше од управните органи за зимските олимписки спортови да ги замрзнат подготовките за големите натпреварувања во Русија.

Како причина се наведува дека државата организирала допинг на руските спортисти. 
Гран при во уметничко лизгање би требало да се одржи од 4-ти до 6-ти ноември во Москва, додека Светскиот куп во ски скокови е на програмата од 9-ти до 11-ти декември во Нижни Тагил.
Тоа се првите две натпреварувања за кои извршниот комитет МОК бара преместување од Русија.
МОК наведе дека такво барање е поднесено бидејќи светската независна комисија во својот извештај наведе дека антидопинг лабораторијата во Москва и Сочи ги штитат допингуваните руски спортисти, во склоп на државниот допинг систем, со кој управува, контролира и го надгледува министерството за спорт, со помош на руските тајни служби.
Ова барање на МОК е привремено, а ситуацијата во Русија оваа организација повторно ќе ја разгледува во декември.
МОК бараше од организаторите на натпреварувањето во зимските спортови наместо Русија, натпреварувањата да се организираат во друга земја. 
Натпреварувањата кои се закажани за почетокот на 2017 година во Русија исто така се под знак прашање.
Светското првенство во боб санкање е на програмата во текот на февруари во Сочи, а од јануари до март во Русија би требало да се одржат натпреварувања во нордиско скијање, сноубординг и брзо лизгање.

Најнови вести