Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2016

МОК нема да ја суспендира Русија од Рио

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) одлучи дека нема да ја суспендира Русија од игрите во Рио, по извештајот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) за систематскиот допинг.

МОК ќе ги казни одговорните функционери, пренесува „Скај спорт“. 
Првиот човек на МОК, Томас Бах најави најригорозна казна за тоа што многумина го протолкуваа како вовед во исфрлување на Русија од игрите, но од тоа нема да биде ништо. 
Комисијата ВАДА вчера ја обвини Русија за манипулација со допинг тестовите во текот на Олимписките игри во 2014 година во Сочи.
На ова реагираше рускиот претседател Владимир Путин, кој изјави дека во прашање е опасно мешање на политиката во спортот, како и дека доказите се последица на сведочењето на човек со скандалозна репутација, Грегориј Родченко.
Во прашање е поранешниот шеф на антидопинг лабораторијата на Русија, кој живее во Лос Анџелес, а против кого во Москва уште во 2012 година е покрената кривична постапка поради кршењето на антидопинг правилата.

Најнови вести