Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2016

Путин: Спортот е инструмент во геополитичкиот притисок

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека обвинувањата за систематскиот допинг спонзорирани од државата на Зимските олимписки игри во Сочи се засновани на сведочењата на личности со скандалозна репутација.

Путин истакна дека сите кои се именувани во извештајот на независната комисија на Светската антидопинг агенција ќе бидат суспендирани додека не заврши истрагата. Агенцијата „Тас“дури наведе дека од Светската антидопинг агенција се побарани детални и објективни информации. 
Светската антидопинг агенција објави извештај во кој е наведено дека министерството и руската Тајна служба организирале допинг програма во текот на игрите во Сочи.
„Обвинувањата против руските спортисти се засновани на исказот на една личност, човек со скандалозна репутација“, истакна Путин „Прашањето е дали заклучоците засновани на основа на сведочењето на таквите луѓе е меродавно и убедливо“.
Истрагата по повод случувањата во текот на игрите во Сочи е започната по сведочењата на некогашниот прв човек на антидопинг лабораторијата на Русија, Григориј Родченко. Против него пред четири години беше покрената постапка поради кршењето на антидопинг правилата, меѓутоа, немаше доволно докази случајот да се најде пред суд.
Претседателот на Русија за новиот скандал, кој стигнува осум месеци откако на руските атлетичари им е забрането учеството на меѓународните натпреварувања, истакна дека е опасно мешање на политиката во спортот.
„Облиците на таквото мешање се променија, но суштината е иста, а тоа е дека спортот станува инструмент на геополитичкиот притисок на правењето на негативен углед на државата и народот“, изјави Путин.
Светската антидопинг агенција поради новиот извештај бараше суспензија на руските спортисти од Олимписките игри во Рио, на атлетичарите веќе им е забрането учеството со одредени исклучоци.

Најнови вести