Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2016

УЕФА го објави списокот на кандидати за играч на годината

УЕФА денес го објави списокот од десет играчи кои се кандидати за наградата најдобар играч на годината.

Новинарите од сите 55 земји кои се членови во споменатата организација учествуваа во гласањето, така што ги одбраа своите пет фаворити, на секој од нив ќе им доделат пет поени, четири и така по ред.
Десет играчи со најмногу поени ќе се најдат во вториот круг од гласањето, а завршниот список од три кандидати ќе биде објавен на 5-ти август.
Најдобриот играч во Европа во минатата сезона ќе биде избран на 25-ти август во Монако, пред ждрепката за Лигата на шампионите.
Најмногу гласови, оваа година имаа:
Герет Бејл
Џанлуиџи Буфон
Антоан Гриезман
Тони Крос
Лионел Меси
Томас Милер
Мануел Нојер
Пепе
Кристијано Роналдо
Луис Суарес

Вкупно 37 играчи добија гласови. Ријад Марез и Џејми Варди се на 11-тата и 12-тата позиција, Лука Модриќ е на 16-тото место, Нејмар е на 19-тото, Роберт Левандовски ја зазема 23-тата позиција итн...

Најнови вести