Корисничко име Лозинка Пријави се
18.7.2016

Гансо и Васкез во Севилја

Екипата на Севилја го потврди доаѓањето на двете нови засилувања.

Нови фудбалери во тимот од Андалузија се Бразилецот, Гансо и Италијанецот, Франко Васекз.
Гансо доаѓа од бразилскиот клуб Сао Пауло за десет милиони евра, додека за Васкез на Палермо му платија 15 милиони. 
Бразилецот своевремено важеше за еден од најталентираните играчи на светот, беше соиграч со Нејмар во Сантос, но поради честите повреди не успеа да ги исполни очекувањата.
Васкез има аргентинско потекло, игра во средниот ред и има 27 години.
Пред нив новиот тренер, Хорхе Сампаоли ги доведе Хироши Кијотаке, Хоакин Кореа, Матијас Краневитер (позајмица) и Пабло Сарабија.

Најнови вести