Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2016

Гетце се враќа во Дортмунд

Фудбалерот на Баерн Минхен Марио Гетце ќе потпише петгодишен договор со Борусија Дортмунд, пренесува германскиот весник „Билд“. Како што се наведува, Борусија за враќањето на фудбалерот ќе издвои околу 28 милиони евра, плус евентуални бонуси.

Гетце ги помина младите категории на Борусија, за која настапуваше до 2013 година, кога помина на „Алијанц арената“ и предизвика голем гнев кај навивачите на „милионерите“.
Во текот на три сезони играње за Баерн, запиша 114 настапи со 36 голови и освои три титули во Бундеслигата, два Купа, УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство.
За Борусија одигра 116 натпревари, постигна 31 гол и две титули како шампион на Германија, додека во финалето на Лигата на шампионите во 2013 година беше поразен токму од Баерн Минхен со 2-1.
Со репрезентацијата на Германија го освои Светското првенство во 2014година, а со неговиот гол во финалето „панцирите“ стигнаа до титулата.

Најнови вести