Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2016

Динамо со многу среќа славеше против Вардар

Вардар два пати ја погоди стативата и еден пат пречката, а првиот гол беше автогол.

Во првиот натпревар од второто претколо на Лигата на шампионите хрватскиот првак по половина час игра водеше со два разлика против Вардар, но нашиот тим ги изедначи силите со тимот од Загреб во второто полувреме, постигнувајќи гол и три пати погодувајќи ги диреците.
По натпреварот, тренерот Гоце Седлоски го изнесе своето видување за мечот:
„Најпрво честитки до Динамо за победата. Моите играчи дадоа се од себе против еден силен противник. Примивме два наивни голови, имавме стативи, пречки и на крајот среќата ни го сврте грбот. Честитки за залагањето на фудбалерите, играа одлично и дисциплинирано до крај, но резултатот е тој. Имаме уште 90 минути и нема да се предадеме“, рече Седлоски.
Натпреварот се одигра во пеколна жештина со измерени 30 степени на почетокот од натпреварот.

Најнови вести