Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2016

Вардар го пречекува Динамо со над 20.000 навивачи

Вардар и Динамо вечерва од 20:45 го играат првиот натпревар од второто претколо на Лигата на шампионите

Вчерашниот тренинг на Вардар го посетија најверните навивачи - Комитите. Се палеа факли, се пееја навивачки песни, а играчите им ракоплескаа на своите навивачи.
„Згазете го Динамо“, беше пораката во песните на Комитите кои се надеваат на позитивен резултат против противникот од Максимир.
На истото се надева и тренерот, некогашниот фудбалер на Хајдук и Динамо, Гоце Седлоски.
„Сакам победа без примен гол“, порача Седлоски на прес конференцијата и додаде: „Ви ветувам борба во текот на сите 180 минути. Ако играчите ја спроведат мојата замисла, верувам дека можеме да ја оствариме целта. Не смееме да правиме глупави грешки, бидејќи Динамо е квалитетен тим и може тоа да го искористи“.

Најнови вести