Корисничко име Лозинка Пријави се
07.7.2016

Двејн Вејд потпиша за Чикаго

Слободниот агент Двејн Вејд ја договори соработката со Чикаго булс и за клубот од родниот град ќе потпише двегодишен договор вреден 47.5 милиони долари.

Вејд така ја заврши 13-годишната кариера во Мајами, до сега единствениот клуб за кој играше.
За да обезбеди доволно пари за договорот на Вејд, Чикаго булс го продаде Хозе Калдерон во Лејкерс, а Мајк Данливи во Кливленд.
Булс ова лето направија големи промени, замина Дерик Роуз, а на позицијата на плејмејкер ќе игра Раџон Рондо.
Покрај тоа замина и Пау Гасол, а на позицијата центар стигна Робин Лопес.

Најнови вести