Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2016

Сантош: Нема фаворити, шансите се 50:50

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија Фенрандо Сантош изјави дека нема фаворит во претстојниот дуел на неговиот тим и селекцијата на Полска во четврт-финалето на Европското првенство и додаде дека двата тима имаат еднакви шанси.

„Полска е многу силен тим, играат на многу високо ниво. Сигурен сум дека тоа ќе биде многу тежок натпревар“, изјави Сантош.
Фудбалерите на Португалија и Полска утре ќе играат натпревар во четврт-финалето на Европското првенство. Натпреварот се игра вечерва во 21:00 часот во Марсеј.
„Додека ја предводев Грција играв против Полска пред четири години и се сеќавам на тоа многу јасно. Јакуб Блашчиковски, Роберт Левандовски и уште неколку играчи од тој тим се сè уште тука, напредуваа од тогаш. Нормално, утрешниот натпревар нема врска со тој од 2012 година. Ова ќе биде натпревар на два тима кој сакаат да поминат во полуфиналето. Полска верува дека ќе помине, ние веруваме дека ќе поминеме. Нема фаворити, шансите се 50:50“, изјави Сантош. 
Селекторот на Португалија наведе дека верува во својот тим.
„Имам 23 играчи во многу добра форма. Мојот тим е многу мотивиран. Тие знаат што сакаат, многу се одлучни и храбри, а јас верувам во нив“, изјави Сантош.

Најнови вести