Корисничко име Лозинка Пријави се
24.6.2016

Иниеста: Внимателно со Италијанците, но ние сме Шпанија

Играчот за врска на Шпанија Андрес Иниеста изјави дека за неговиот тим дополнителен мотив е што во осминафиналето за противник ќе има квалитетна селекција како што е Италија.

Поразот од Хрватска со 2-1 во Групата Д ја одведе Шпанија на второто место и на репризата од финалето од 2012 година.
„Италија е силен противник, тоа ќе биде одличен натпревар. Тоа ќе е ни биде корисен натпревар доколку сакаме да напредуваме. Пред четири години се сретнавме со нив и тесно игравме. Тие имаат одлични играчи и добра одбрана која ја познаваме. Спротивно на она што луѓето зборуваат, тие ја подобрија својата игра во поседот на топката и во техниката“, изјави Иниеста.
Иниеста призна дека неговиот тим беше лош во натпреварот со Хрватска и додаде:
„Ние мораме да продолжиме понатаму, имаме уште шанси и сè уште ништо не е решено. Сега сме во потешката половина од ждрепката на хартија, но ние сме Шпанија и мораме да веруваме во себе“.
Натпреварот ќе се одигра на 27-ми јуни во 18:00 часот, а победникот ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Германија и Словачка.

Најнови вести