Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2016

Варди останува во Лестер

Напаѓачот на Лестер Џејми Варди го продолжи договорот со тимот до 2020 година, потврдија челниците на шампионот на Англија.

Варди имаше понуда од Арсенал, кој ја активираше неговата откупна клаузула во договорот за да може да замине за 25 милиони фунти.
Варди ќе заработува 100.000 фунти седмично, а ваквиот развој на ситуацијата можеше да се предвиди кога Арсен Венгер изјави дека колку што знае тој „Џејми останува во Лестер“.
Од Лестер порачаа дека веќе нема да дават никакви изјави и соопштенија околу ова прашање и дека ќе го пуштат Џејми да се фокусира на своите обврски. Тој минатата сезона постигна 24 голови на 36 натпревари.

 

Најнови вести