Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2016

Крањчар е новиот тренер на Динамо

Фудбалскиот клуб Динамо Загреб го именуваше легендарниот Златко Крањчар за нов шеф на стручниот штаб. Златко Крањчар по 18 години се враќа во Динамо.

Поранешниот фудбалер и тренер на Динамо Загреб, Златко Крањчар (59) се врати на „Максимир“ и го започна својот четврти мандат во саканиот клуб.
Златко Крањчар помина десет години во Динамо во текот на играчките денови, а два пати во минатото го предводеше тимот на „модрите“.
Хрватскиот шампион во понеделникот ја прекина соработката со Зоран Мамиќ и одлучи од следната сезона на клупата повторно да седне Крањчар кој во минатото на Динамо му донесе четири трофеи.
Златко Крањчар во тренерската кариера промени повеќе од 15 клубови и имаше два селекторски ангажмани на клупата на Хрватска и Црна Гора, а последната година дена ја помина во Ал Ахли.
Новиот тренер на Динамо ќе и биде претставен на јавноста и на навивачите утре во 13:00 часот, а веќе во сабота ќе го преземе тимот и ќе го поведе на припремите за новата сезона кој ќе се одржат во Словенија.
Само да потсетиме дека Динамо на ждрепката за второто коло од квалификациите во Лигата на шампионите го доби Вардар за противник, што значи дека Крањчар своето повратничко деби на меѓународната сцена ќе го има во двојниот натпревар со шампионот на Македонија.

Најнови вести