Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2016

Исланд во екстаза: Нè бодрат 10.000 сонародници...

Фудбалерите на Исланд Кари Арнасон и Јон Дади Бодварсон изјавија дека се пресреќни и горди на успехот кој го остварија на Европското првенство.

Фудбалерите на Исланд ја победија репрезентацијата на Австрија со 2-1 во натпреварот од третото и последно коло од Групата Ф од Европското првенство.
Со оваа победа Исланд го обезбеди второто место на табелата и пласманот во осминафиналето.
„Не можам да опишам како се чувствувам. Да го сторите ова со најдобрите пријатели е одлично чувство. Така се чувствуваат сите во тимот, а дополнително е забавно да се стори ова со најдобрите другари. Тоа што нè бодреа 10.000 сонародници е извонредно“, изјави Арнасон. 
Исланд во осминафиналето ќе игра против Англија.
„Секогаш навивав за Англија на големите турнири. Дуелот со нив е остварување на соништата, но ние ќе влеземе во тој натпревар со целата сила и ќе се обидеме да постигнеме добар резултат. Веруваме во нашите способности“, изјави Арнасон.
Горд на постигнатиот успех беше и Дади Бодварсон.
„Ова е најголемиот момент во историјата на исландскиот фудбал така што е нормално да сум среќен и горд. Англија за мене е тимот од соништата, ќе биде фантастично да ги запознаеме“, изјави Бодварсон.
Исланд стигна до историскиот успех додека пак Австрија го заврши натпреварувањето откако за да помине понатаму и беше неопходна победа.
Австрија го заврши Европското првенство во Франција со еден освоен бод.

Најнови вести