Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2016

Лавеци по бизарна повреда ќе го пропушти финалето

Аргентинскиот фудбалер Езекиел Лавеци ќе го пропушти финалето на Копа Америка, по бизарната несреќа во која ја скрши раката на натпреварот со САД.

Лавеци кој го постигна првиот гол во победата од 4-0, во средината на второто полувреме доживеа несреќна повреда кога во обид да ја стигне топката падна преку рекламното пано.
Лавеци веднаш се фати за раката со болна гримаса и на носила беше изнесен од теренот.
Аргентина во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале во кое се сретнуваат бранителот на титулата Чиле и Колумбија. 

Најнови вести