Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2016

Германците први, Полјаците втори, Ирска пред Албанија

Фудбалската репрезентација на Германија ја победи репрезентацијата на Северна Ирска со 1-0 и го освои првото место во Групата Ц на Европското првенство.

Германија заврши со седум бодови, исто толку колку и Полска која исто така ја победи Украина со 1-0 во вториот натпревар, но тимот на Јоаким Лев има за еден гол подобра гол разлика.
Германците доминираа на „Паркот на принцовите“, но на крајот сепак постигнаа само еден гол, што е резултат кој им одговараше на Ирците.
Единствениот гол го постигна Марио Гомес во 30-та минута. Во вториот натпревар во групата Полска со голот на Јакуб Блашчиковски во 54-та минута славеше против Украина, го освои второто место во групата и во осминафиналето ќе игра против селекцијата на Швајцарија.
Со минималниот пораз Северна Ирска ги задржа одличните шанси за да помине понатаму. Останаа втора трето пласирана екипа на турнирот, пред Албанија, а сега можат да ја престигнат Чешка, Португалија и Шведска.
Украина го заврши настапот во Франција без бодови, со гол разлика од 0-5.

Најнови вести