Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2016

Погба и Реал ги започнаа преговорите

Фудбалерот на Јувентус Пол Погба ги започна преговорите околу трансфер во Реал Мадрид, потврди неговиот менаџер Мино Рајола.

„Ги завршивме првите чекори околу трансферот. Пол му се восхитува на Реал и на тренерот Зинедин Зидан, а тоа се два големи фактори кои би можеле да одлучат. Погба сонува да ја освои ‘Златната топка’, а тоа може да до достигне во дресот на Реал“, изјави Рајола за шпанскиот весник „Марка“.
Шпанските медиуми пишуваат дека во случај на реализација овој трансфер ќе изнесува најмалку 100 милиони евра, што би било нов рекорд.
Раководството на клубот од Торино е во позиција да го затвори обесштетувањето бидејќи договорот на Погба му истекува дури во 2019 година, но парите никогаш не биле проблем на новиот шампион на Европа.

 

Најнови вести