Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2016

Шкендија против Краковија, Работнички со Будуќност, Силекс против Вадуц

Тимот од Тетово, Шкендија ќе се соочи со полскиот прволигаш Краковија, додека за Црна Гора ќе отпатува тимот на Работнички за дуелот против Будуќност, а Силекс пак за противник во дуелот го доби тимот од Лихтештајн.

Со денешната ждрепка во Нион за Лигата на Европа македонските тимови ги добија своите противници, Шкендија ќе одигра два натпревари проти Краковија од Краков, тоа е тим кој ги има едните од најверните фанови во Европа, секогаш играат пред полни трибини, а воедно е и петкратен шампион на Полска, но последната титула ја имаше во далечната 1948 година. 
Тимот на Работнички ќе отпатува во Црна Гора на средба со тимот на Будуќност, кој заврши како второпласиран во првенството. Има две титули во Црна Гора и шест пати бил вицепрвак. 
Силекс за свој противник го доби тимот од Лихтенштајн, Вадуц. Овој тим доаѓа од послаба фудбалска земја но има големо искуство на меѓународната сцена, оваа екипа се натпреварува на првенството на Швајцарија, најголемиот пласман му е осмото место кое го оствари оваа сезона, а ова му е четврта сезона по ред што ќе игра во Европа, а претходно има играно 17 пати, главно во Лигата на Европа, а порано и во Купот на УЕФА. 

Најнови вести