Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2016

Русите не ја губат надежта, Велс закрепна од шокот

Селекторот на Русија Леонид Слутски не ја губи надежта дека неговиот тим може да се пласира во осминафиналето на ЕП, и покрај тоа што има само еден бод освоено во првите два натпревари.

„Секоја нова ситуација од овој тип е поинакво искуство - огромното искуство не мора да значи дека на вистинскиот начин ќе се прилагодите на ситуацијата“, изјави Слутски пред натпреварот со Велс.
„Тие имаат двајца играчи од светски ранг (Бејл и Рамзи) и најголемиот број на нивните напади се потпира на нивните квалитети и взаемното разбирање. Сепак, и другите играчи им се добри, а мислам дека тие ќе се ориентираат на контра“, додаде селекторот на Русија. 
Селекторот на Велс, Крис Колман, изјави дека неговиот тим не падна по поразот од Англија со голот во 92-та минута и додаде:
„Добро сме расположни бидејќи добро игравме, овој тим има голем потенцијал, во одлична позиција сме и мораме да уживаме во тоа. Многу ќе научиме од овој турнир, а играњето против најдобрите нè тера да го дадеме максимумот од себе. Русија има добар тим но ние се концентрираме на себе“.
Велс има три бодови, Русија еден, а Русите беа подобри во претходните дуели од квалификациите за Светското првенство во 2010 година и во баражот за ЕП 2004 година.
Натпреварот е на програмата за од 21:00 часот, а во другиот натпревар кој е во истото време ќе се сретнат репрезентациите на Словачка која има три бодови и Англија која има четири.

 

Најнови вести