Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2016

Вардар го доби Динамо Загреб

Во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите по денешната ждрепка на УЕФА во Нион Вардар ќе игра против хрватскиот шампион, Динамо Загреб.

На „црвено-црните“ ждрепката им го додели еден од најсилните противници кој лани на пријателската средба беа подобри со 4-1. Во летниот подготвителен период двата клуба имаа закажано средба која ќе биде одложена. 
Тренерот на тимот на Вардар Гоце Седлоски во својата кариера беше дел од тимот на Динамо Загреб, со него настапуваше во групната фаза од Лигата на шампионите, па за него овој дуел ќе биде сигурно емотивен.
Првиот дуел ќе биде во Скопје на 12-ти или 13-ти јули, а пак реванш натпреварот ќе се одигра во Загреб на 18-ти и ли 19-ти јули.

Прва квалификациона рунда (28/29 јуни – 5/6 јули)
Флора Талин (Ест) – Линколн (ГИБ)
ТНС (ВЕЛ) – Тре Пене (СМР)
Валета( МЛТ) – Б36 Торшавн (ФАР.О)
Санта Колома (АНД) – Алашкерт (ЕРМ)
Втора квалификациона рунда (12/13 – 19/20 јули)
Карабах (АЗЕ) – Дуделанж (ЛУК)
Хапоел Бер- Шева (ИЗР) – Шериф (МОЛ)
Олимпија Љубљана (СЛО) – Тренчин (СЛВ)
Салцбург (АВС) – Лиепајас (ЛАТ)
Вардар (МКД) – Динамо Загреб (ХРВ)
ТНС (ВЕЛ) / Тре Пене (СМР) - АПОЕЛ (КИП) 
Зрињски (БИХ) - Легија Варшава (ПОЛ)
Лудогорец (БУГ) – Младост Подгорица (ЦГ)
Динамо Тбилиси (ГРУ) – Санта Колома (АНД)/ Алашкерт (ЕРМ)
Жалгирис Вилниус (ЛИТ) – Астана (КАЗ)
Скендербег ( АЛБ) – Фернецварош (УНГ)
БАТЕ Борисов (БУГ) – Сеинајоки (ФИН)
Валета (МЛТ) / Б36 Торшавн (ФАР) – Црвена Звезда (СРБ)
Розенборг (НОР) – Норкопинг (ШВЕ)
Дундалк (ИРС) – Хафнарфјордур (ИСЛ)
Флора Талин (ЕСТ)/ Линколн (ГИБ) – Селтик (ШКО)
Крусадерс (ИРС) – Копенхаген (ДАН)

Најнови вести