Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
17.6.2016

Кливленд не се предава - мајсторка ќе го одлучи шампионот

Ќе имаме најдобра возможна завршница во едно од највозбудливите финалиња на овој век во НБА лигата.

Ова е финале за кое со години ќе се зборува. Ќе се игра мајсторка како расплет на неверојатната сезона. Кливленд уште еднаш се одржа во игра и победи со 115:101 со што го израмни резултатот на 3-3.
Неверојатниот Леброн Џејмс повторно постигна 41 поен и имаше 11 асистенции и 8 скокови, го доведе својот тим на прагот на историјата, но никогаш во финалето ниту еден тим не успеал да се врати од 1-3 и да ја освои титулата.
Стефен Кари по шестиот прекршок со пцости му се обрати на судијата но и на навивачите во првиот ред кој не му останаа должни, додаде 30 поени, но не вредеше. Откако му беше досуден прекршок, погоди еден од навивачите со штитникот за заби.
Едноставно Вориорс ги загубија нервите, оправдание за Кари се неколкуте фаули кои не беа, а ова му е првото исклучување во кариерата.
Леброн стана првиот човек по Шекил О’Нил кој во два натпревари во финалето по ред постигнал +40 поени.
Против Кавалирс е историјата, само два тима се вратиле од 1-3 во финалето - Рочестер во 1951 година и Лејкерс во 1996 година против Бостон, но не успеаја да го направат и одлучувачкиот чекор.
Седмиот натпревар е на програмата во понеделник во Калифорнија, а тогаш ќе падне и одлуката околу шампионот.

Најнови вести