Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2016

Најдобрите селектори доаѓаат од Ресен!

Со крајот на англиската Премиер лига и италијанската Серија А заврши седмата сезона на ВИРТУЕЛЕН СЕЛЕКТОР, ексклузивното натпреварување за членовите на SPORT LIFE клубот на SPORT LIFE обложувалници во кое на првото место се пла­сираа двајца селектори од Ресен, Дејан Маслинковски и Никола Табаковски

Од околу 4700 екипи коишто беа во конкуренција во двете натпреварувања ги добивме двата најдобри селектори: Дејан Маслинковски ја имаше најдобрата екипа во ВИРТУЕЛЕН СЕЛЕКТОР Премиер лига и Никола Табаковски, кој го направи најдобриот тим во ВИРТУЕЛЕН СЕЛЕКТОР Серија А.
Дваесет и петгодишниот Дејан Маслинковски и минатата година се натпреварувал во оваа игра, а за оваа сезона ги склопи „коцките“ и со буџет од 219,5 поени направи тим кој освои 846 поени и постигна 93 гола, три повеќе од второпласираниот тим со иста вредност на Наумче С., кој исто така е од Ресен.
„Шампионскиот тим е првиот кој го направив. Главен напаѓач ми беше Серхио Агуеро, кој ми беше и капитен и со неговите 24 гола во Премиер лигата ми донесе многу бодови. Втор напаѓач ми беше Хери Кејн, кој беше прв стрелец со 25 гола. Во составот го имав и Ријад Марез од изненадувањето на сезоната Лестер, кој го имав и минатата година, а голман ми беше Шмајхел, па овие фудбалери се најзаслужни што мојот тим е шампион во конкуренција на 2600 тимови“, почна Дејан, кој е навивач на Реал Мадрид.
„Во средината ги ставив Садио Мане и Рос Баркли кои постигнаа многу голови, а во одбраната  Белерин, Коларов, Сања и Иванович, кој беше единствен слаб избор поради лошата сезона на Челзи“, продолжи најдобриот Премиер селектор.
„Со вториот тим немав поголем успех, се обидов да направам тим од фудбалери за кои мислев дека ќе бидат изненадување на сезоната, но Премиер лигата имаше сосем друг исход со шампионската титула на Лестер“, додаде Дејан.
„На Европското пр­венство кое се иг­ра во Франција мислам дека Англија има шанси да стигне до трофејот, а изненадување мо­же да приреди и Хрватска“, се раз­мислувањата на Дејан за тоа кој ќе го дигне големиот пехар во Париз на 10 јули.
Никола Табаковски е добро познато име за сите натпреварувачи во Виртуелен селектор. Дваесет и деветгодишниот ресенчанец минатите две сезони беше победник во Виртуелен селектор Премиер лига, а сезонава се најде на „домашен терен“ како страстен навивач на Јувентус и стана најдобар и во Виртуелен Селектор Серија А.
Тимот на Никола е составен со буџет од 169,6 поени и освои 1142 бодови, 71 повеќе од второпласираниот тим, со 75 постигнат голови. Никола има уште еден тим пласиран во првите десет, за што доби и дополнителен подарок со поени во СЛ Маркет.
„Тимот кој заврши прв е вториот кој го направив. Одбрав фудбалери од Јувентус и  Иличиќ од Фиорентина кој ми беше полн погодок. Јувентус слабо ја почна сезоната, но на крајот направи фантастична серија од 15 победи на 16 натпревари и го прати мојот тим на врвот“, почна Никола.
„Капитен и напаѓач ми беше Игуаин кој освои многу бодови, а вториот Џеко кој можеше да има и подобра сезона во Рома. Голман стандардно Буфон кој поради неговите години имаше ниска цена, но неговиот квалитет е неспорен. Во средината го ставив Хамшик кој беше стандарден без картони и Иличиќ, а тренер Алегри, па со добрата серија на Јувентус во финишот и мојот тим стигна до првото место“, додаде Никола.
„Имаше едно коло во кое имав четири тима во првите десет, но ниеднаш не бев прв во некое коло. Ова што сум најдобар по трет пат на крајот е одличен успех, но мислам дека следната сезона нема да можам да го повторам успехот, летово ќе има многу промени во играчкиот и тренерскиот кадар и во Англија и во Италија, па ќе ми биде потешко повторно да направам шампионски тим“, заврши „владетелот“ со оваа игра во Македонија.
Двајцата победници во Ресен заминаа со подарок 48 инчен Самсунг ТВ кој одлично ќе им дојде во овој месец на фудбалот, а останатите селектори кои беа пласирани до десеттото место на двата натпревари добија поени за кои можат да ги искористат во СЛ Маркет на Sport Life обложувалници.
За новата сезона тимот на SPORT LIFE обложувалници ќе подготви нови изненадувања за членовите на ексклузивниот SPORT LIFE клуб. Следете нè на нашата интернет-страница www.sportlife.com.mk, на нашиот профил на „Фејсбук“ www.facebook.com/sportlifebet или на http://twitter.com/sportlifebet за да ги дознаете сите новости за нашите акции, понуди и активности. 

Тимот на Дејан Маслинковски
Г Petr Cech
O Aleksandar Kolarov
O Hector Bellerin
O Bacary Sagna
O Branislav Ivanovic
С Ross Barkley
С Riyad Mahrez
С Sadio Mane
С Andre Ayew
Н Sergio Aguero (капитен)
Н Harry Kane
Г Kasper Schmeichel
O Joe Gomez
С Nathan Redmond
Н Anthony Martial
T Manuel Pellegrini

Тимот на Никола Табаковски
Г Gianluigi Buffon
O Stephan Lichtsteiner
O Andrea Barzagli
O Jeison Murillo
O Marcos Alonso
С Antonio Candreva
С Seydou Keita
С Marek Hamsik
С Josip Ilicic
Н Edin Dzeko
Н Gonzalo Higuain (капитен)
Г Morgan De Sanctis
O Christian Maggio
С Daniele Baselli
Н Luca Toni
T Massimiliano Allegri

 

Најнови вести