Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2016

Хрватите со минимален резултат ја победија Турција

Фудбалерите на Хрватска ја победија Турција со минимален резултат во првиот натпревар од Групата Д на Европското првенство во Франција, а Полска ја совлада Северна Ирска 1-0 во првиот натпревар во Групата Ц на ЕП.

Хрватите одиграа одличен натпревар, можеа да постигнат уште неколку голови, но разлика направи погодокот на Лука Модриќ.
Модриќ во 41-та минута на „Паркот на принцовите“ со волеј ја прати топката во долниот лев агол и постигна фантастичен погодок со кој им го донесе триумфот на Хрватите. 
Избраниците на Фатих Терим добро се држеа во првиот половина час, а тогаш Озан Туфан ја пропушти одличната шанса да го шокира ривалот, а казната наскоро ги стигна.
Второто полувреме потполно беше во знакот на Хрватска- Дарио Срна и Иван Перишиќ погодија пречка, добри шанси пропуштија Марцело Брозовиќ и Марио Манџукиќ.
Меѓутоа Турците не успеаја ниту еднаш да се заканат па играчите на Анте Чачиќ покрај трите бодови успеаја да му се реваншираат на противникот за поразот во четврт-финалето на Европското првенство во 2008 во Швајцарија и Австрија. Тогаш Турција славеше по подобро изведените пенали и го оствари најдобриот резултат во историјата. 
Полјаците доминираа против дебитантот на натпреварувањето, но успеаја да постигнат само еден гол преку Аркадиуш Милик на почетокот на второто полувреме.
Сепак тоа не им беше доволно да влезат во историјата бидејќи ова им беше прва победа во седмиот настап на ЕП.
Ирците одлично го чуваа Роберт Левандовски, но тоа му остави доволно простор на Милик да го постине погодокот.

Најнови вести