Корисничко име Лозинка Пријави се
27.5.2016

Голден стејт не се предава

Голден стејт вориорс намалија на 3-2 во финалето на Западната конференција во НБА лигата откако го совладаа тимот на Оклахома Сити тандерс во петтиот натпревар со 120:111.

Актуелниот шампион ја избегна елиминацијата, но сега ќе мора да го стори истото и да триумфира во Оклахома доколку не сака да се симне од тронот и да ја предаде круната.
Домаќините во Оукленд беа предводени од Стефен Кари и Клеј Томпсон, кои комбинирано додадоа 58 поени, а овој пат не изостана поддршката и од останатите соиграчи. Демонд Грин запиша 11 поени и 13 скокови, Морис Спејтс додаде 14, додека пак Андре Игудала осум.
За вториот, одлучувачки брејк на гостите не им беа доволни ниту новите одлични партии на своите двајца најдобри играчи. Кевин Дурант ги предводеше Тандерс со 40 поени (9/20 за два, 3/11 за три), седум скокови и четири асистенции, додека Расел Вестбрук додаде 31 поен (8/20 за два, 3/8 за три), со осум успешни додавања и седум фатени топки.
Шестиот дуел е на програмата за вечерта меѓу сабота и недела на паркетот на Тандерс, а евентуалниот седми натпревар е два дена подоцна во Оукленд.

Најнови вести