Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2016

Нова повреда на Роналдо, проблем пред финалето

Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид Кристијано Роналдо би можел да го пропушти финалето од Лигата на шампионите поради повреда.

Роналдо во средата повторно се повреди на тренингот, а како што наведува шпанскиот весник„Марка“, Португалецот по еден дуел со Дани Карвахал паднал преку голманот Кико Касилја, а потоа накривувајќи го напуштил теренот.
Најдобриот стрелец на елитното натпреварување поради повреда веќе го пропушти првиот полуфинален натпревар против Манчестер сити, а беше под знак прашање и за реванш натпреварот.
Интересно е дека Роналдо и пред две години кога во финалето се сретнаа истите ривали беше повреден, но го одигра натпреварот и со погодокот од пенал во продолженијата допринесе во триумфот на Реал 4-1.
Финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Реал и Атлетико е на програмата од 20:45 часот на „Сан Сиро“во Милан.

Најнови вести