Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2016

Суарес ќе ја пропушти групната фаза на Копа Америка

По прегледите е востановено дека Луис Суарес поради повреда најверојатно ќе ги пропушти натпреварите на Уругвај во групната фаза на Копа Америка.

Суарес се здоби со повреда на задната ложа во финалето од Кралскиот Куп, но сепак помина подобро отколку што се очекуваше, многумина веруваа дека воопшто нема да може да заигра на овој турнир.
Селекторот на Уругвај Оскар Табарес изјави дека ќе го поведе ако постои и најмала можност да заигра на турнирот во САД.
Уругвај ќе игра против Венецуела, Јамајка и Мексико во Групата Ц на овој турнир.

Најнови вести