Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2016

Прандели е новиот тренер на Лацио

Чезаре Прандели е новиот тренер на Лацио! Поранешниот селектор на Италија имал средба со сопственикот на „бјанкочелестите“ Клаудио Лотито и договорил двегодишна соработка со примања од 2.000.000 евра по сезона.

Оваа вест како ексклузивна ја објави клупскиот билтен на „бјанкочелестите“, кое е најдобро упатен во случувањата внатре во Лацио, а официјализирањето на веста се очекува во текот на денот во најважните римски, но и италијански медиуми.
Чезаре Прандели беше селектор на „аѕурите“од 2010 до 2014 година, а со Италија во 2012 година во Киев го играше финалето на Европското првенство против Шпанија. Кога ќе се земат во предвид сите случувања во останатите клубови, изгледа дека Калчо лигата, полека но сигурно го враќа стариот сјај...

Најнови вести