Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2016

Гетце сака да остане во Минхен

Заминувањето на Марио Гетце од Баерн е тема кој константно се провлекува низ медиумите поради ситуацијата која ја имаше кај Пеп Гвардиола.

Германскиот репрезентативец беше поврзуван со многу клубови, во последно време најчесто со Ливерпул бидејќи Јирген Клоп сака повторно да соработува со него, а за трансферот се шпекулира за сума од 20 милиони фунти.
Меѓутоа, плановите на Гетце се врзани за Баерн.
„Не размислувам за ниту еден друг клуб освен за Баерн и ќе сторам сè од самиот почеток да оставам впечаток кај тренерот Карло Анчелоти“, изјави Гетце.
Овој 23-годишен офанзивен играч за врска во Баерн дојде од Дортмунд во 2013 година и му остана уште една година договор со најголемиот германски клуб. 
Покрај малата минутажа која ја постигна во времето на Гвардиола во Баерн, селекторот на Германија, Јоахим Лев, има доверба во Гетце и ќе го води на Европското првенство во Франција кое започнува за помалку од 20 дена.

Најнови вести