Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2016

Суарес ја заврши сезоната со повреда

Најдобриот стрелец на Барселона, Примера и Европа, Луис Суарес сезоната ја заврши на незгоден начин.

Уругваецот ја повреди задната ложа во второто полувреме во последниот натпревар во сезоната, финалето na Кралскиот куп.
Суарес се повреди во дуелот меѓу Барселона и Севилја на „Висенте Калдерон“, при резултат од 0-0, а Каталонците ја славеа победата со2-0 по продолженијата.
Суарес оваа сезона постигна 59 голови на 53 натпревари, а забележа 40 погодоци во Примера па ќе го освои „Златната копачка“ за најдобар стрелец во националниот шампионат.
Зад него останаа Гонзало Игуаин со 36 голови за Наполи во Серија А и Кристијано Роналдо со 35 голови за Реал Мадрид во Примера.
Суарес во Барселона дојде пред две сезони и на 95 натпревари постигна 83 голови.

 

Најнови вести