Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2016

Варан го пропушта финалето со Атлетико

Рафаел Варан ќе го пропушти финалето од Лигата на шампионите поради повреда на тетивата, потврди Реал Мадрид.

Фудбалерот од Франција нема да стигне да закрепне за натпреварот со Атлетико Мадрид во Милано следната сабота, а постои шанса да го пропушти и претстојното Европско првенство кое почнува на 10-ти јуни.
Како што соопшти Реал, Варан се повредил на тренинг на „кралскиот клуб“, а ваков вид на повреда бара закрепнување од неколку седмици.
Натпреварот меѓу Реал и Атлетико е на програмата за 28-ми мај во 20:45 часот.

Најнови вести