Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2016

Барселона по продолженија до двојната круна

Фудбалерите на Барселона ја совладаа Севилја со 2-0 и го освоија Кралскиот куп за двојната круна оваа сезона.

Каталонците речиси еден час играа со играч помалку поради исклучувањето на Хавиер Маскерано, но Андалузијците тоа не го искористија и Евер Банега успеа да ја погоди само стативата.
Во финишот на натпреварот беше исклучен играчот на Севилја Евер Банега, а Барселона во седмата минута од продолжението го искористи и стигна до водство преку Жорди Алба.
Севилја одеше на сè или ништо, а пак Барселона лесно направи уште неколку шанси, но Рико со фантастичните одбрани ја задржи Севилја во игра.
Во продолженијата втор жолт картон доби и Карисо, а Нејмар минута подоцна стави крај на натпреварот.
Натпреварот на „Висенте Калдерон“ имаше многу нервоза и нечиста игра, па освен трите црвени картони двата тима добија дури 13 жолти картони.

Најнови вести