Корисничко име Лозинка Пријави се
20.5.2016

Тијаго во Мадрид до 2017 година

Фудбалерот на Атлетико Мадрид Тијаго Мендеш го продолжи договорот со клубот за уште година дена, па на „Висенте Калдерон“ ќе остане до јуни 2017 година.

Тијаго во 2010 година од Јувентус прво помина како позајмен играч во Атлетико, а година дена подоцна потпиша повеќегодишен договор со шпанскиот клуб.
„Мило ми е што ќе останам уште година дена во овој голем клуб, со ова семејство и со овие одлични играчи“, изјави Тијаго за интернет страницата на клубот.
Тој во ноември ја скрши ногата, а на теренот се врати минатата сабота, во последниот натпревар во првенството во кое Атлетико ја победи Селта со 2-0.
„Закрепнувањето беше комплицирано и долго, но секогаш ја чувствував поддршката“, изјави Тијаго Мендеш.
Тијаго ќе биде во конкуренција за натпреварот со Реал Мадрид во финалето од Лигата на шампионите во Милан на 28-ми мај.
Тоа ќе биде реприза од финалето 2014 година во кое Реал по продолженијата победи со 4-1.

Најнови вести