Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2016

Клоп: Јас сум одговорен за поразот

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп изјави дека е одговорен за слабата игра на својот тим во второто полувреме во финалето од Лигата на Европа.

Англискиот тим беше поразен од Севилја со 3-1, иако имаше гол предност на полувремето.
Сепак, играта на Ливерпул се расипа во второто полувреме, Севилја заигра многу подобро и брзо направи пресврт, за третиот по ред трофеј во ова натпреварување.
„Не бев среќен на почетокот. Постигнавме одличен гол, а еден беше поништен. Предноста од 1-0 е вообичаено добра. Првиот примен гол не беше проблем, но она што се случи подоцна е проблем. Потполно ја загубивме вербата и бевме нервозни во одбраната. Тоа значи дека не напредувавме онолку колку што се надевавме“, изјави Германецот. 
Клоп верува дека овој натпревар е големо искуство кое треба да се користи во иднина.
„Мораме да го искористиме ова искуство, сигурен сум дека ќе бидеме силни. Ова беше разочарувачки и фрустрирачки,а сега ми е мене редот да не им дозволам на играчите да подлегнат на притисокот. Јас сум одговорен за оваа игра. Никој на стадионот не веруваше, мислев дека можеме да направиме пресврт, но тоа не беше доволно“, изјави Клоп.

Најнови вести