Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2016

Лино Червар е нов селектор на Македонија

Тренерот на Металург и поранешен светски и олимписки шампион како селектор со репрезентацијата на Хрватска, Лино Червар, ќе седне на клупата на македонскиот национален тим.

Хрватскиот стручњак потпиша договор за четиригодишна соработка, а покрај ангажманот како селектор на сениорите, ќе има задача и да координира со младинските репрезентации.
„Денеска ми е голема чест и задоволство што го потврдуваме она што како Управен одбор и раководство на РФМ го одлучивме - Лино Червар да биде селектор на сениорската репрезентација. За мене како претседател е големо задоволство како селектор да имаме човек кој е олимписки и светски првак, човек што придонесе многу за развојот на ракометот во Македонија од моментот кога дојде во нашата татковина“, изјави претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Муакетов.
„ Сакам дури сега, кога е најтешко, да помогнам заедно со РФМ, со играчите, со сите оние во чие срце е ракометот, да ја продолжиме македонската ракометна приказна и на следните големи натпреварувања кои се пред нас, како СП 2017 во Франција и ЕП 2018 во Хрватска. Паралелно со тие цели, мораме заеднички да работиме на натамошно развивање на македонскиот ракомет. Да ја водиш репрезентацијата на една држава е голема чест, но и одговорност, бидејќи ракометот ја претставува и државата Македонија. Исто така да играш за репрезентацијата, за својата татковина, претставува најголем спортски успех и признание, пред сите спортски успеси“, кажа новиот селектор на Македонија на прес конференцијата за неговото претставување.

Најнови вести