Корисничко име Лозинка Пријави се
04.5.2016

Роналдо: Јас сум дел од историјата

Кристијано Роналдо ги поместува границите во фудбалот веќе подолго од една деценија. Освои сè играјќи за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, а за тоа време постигна преку 500 голови во сите натпреварувања и секако е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

„Не се сомневам дека ќе влезам во историјата на фудбалот. Без разлика дали на луѓето им се допаѓало тоа или не, бројките зборуваат сами за себе. Ќе бидам рамо до рамо со останатите великани. На некои им се допаѓа тој податок, на некои помалку им се допаѓа, но јас ни најмалку не се сомневам бидејќи веќе сум дел од тоа друштво. Од секогаш верува дека сум посебен играч, дури и кога почнував во Спортинг, чувствував дека порано или подоцна ќе бидам професионалец на највисоко ниво. Од друга страна, не ни помислував дека сè ќе се одвива толку брзо, но од секогаш се подготвував за вакво нешто, а талентот беше тука“, изјави Роналдо.
Покрај националните титули, две Лиги на шампионите, три „Златни топки“, момчето од островот Мадеира е најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите со постигнати 93 голови. 
„Од секогаш работев многу вредно, верував во својот потенцијал, почнувајќи од Спортинг, преку Манчестер, до Мадрид, се развивав сè повеќе и повеќе како играч, личност но и како човек. Уживав во својата работа. Очигледно е дека навивачите секогаш сакаат да видат добар натпревар, со многу голови, а тоа е мојата работа. Да победувам, да играм добро, да постигнувам што е можно повеќе голови, да му помагам на мојот тим и да уживам. Уживам е збор кој посебно би го подвлекол, бидејќи тој збор најдобро го опишува фудбалот- среќа, страст, но и разновидност“, јасен беше Португалецот.

 

Најнови вести