Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2016

АПОЕЛ го отпушти Кецбаја по испаѓањето од Купот

АПОЕЛ од Никозија го отпушти тренерот Темур Кецбаја, ден по елиминацијата во полуфиналето на кипарскиот фудбалски Куп.

Отказот следуваше по поразот од Аполон од Лимасол на пенали, иако клубот од престолнината на Кипар се наоѓа на добар пат четврти пат по ред да ја освои шампионската титула.
АПОЕЛ има четири бодови повеќе од АЕК на пет кола пред крајот на првенството.
Кецбаја го презема клубот кон крајот на август, кога на клупата на АПОЕЛ дојде на местото на Домингос Пасијенса.
Овој 48-годишен Грузиец е многу популарен на Кипар, во Анортозис ја заврши својата играчка кариера, а потоа работеше како тренер на клубот.