Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2016

Ивановски четврти, Јакимовски деветти на полумаратонот во Белград

Најголемиот македонски атлетски талент Дарио Ивановски го освои 4-тото место на полумаратонската трка на престижниот „Белградски маратон“ кој се одржа вчера, а Игор Јакимовски заврши на деветтата позиција.

На трките на кои учествуваа околу 6.000 атлетичари од 50 земји настапија и 50 македонски натпреварувачи, меѓу кои најуспешен беше Дарио Ивановски со освоеното 4. Место, а забележителен успех имаше и Игор Јакимовски, кој заврши како 9-ти на полумаратонската трка.
Следниот настап на Дарио Ивановски е на трката од 10 километри на Државното првенство на Македонија  кое ќе се одржи на 24. април на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
По трката за државното првенство, на 8 мај, Игор Јакимовски поддржан од Sport Life обложувалници ќе се обиде да оствари уште подобар резултат на Скопскиот маратон.

Најнови вести