Корисничко име Лозинка Пријави се
11.4.2016

Утешна победа на македонските ракометари против Чиле

Македонската ракометна репрезентација извојува победа против репрезентацијата на Чиле на последниот натпревар во квалификациите за ОИ кој беше без резултатско значење.

Со победата над Чиле со резултат од 30-27 македонските ракометари ги завршија неуспешните квалификации во Полска за Олимписките игри во Рио. Шансата за најголемиот спортски настап ја загубивме по двата порази од репрезентациите на Полска и Тунис, а единствената победа која ја извојувавме на квалификациите беше оваа против јужноамериканската селекција на Чиле. 
Најефикасни на овој натпревар беа Никола Костески кој постигна шест голови, додека по четири гола постигнаа Манасков, Гоце Ојлески, Филип Миркуловски и Наумче Мојсовски, за кого како што тој најави ова беше и последниот натпревар во боите на националниот дрес.
Полска го победи Тунис со 28:24 и како првопласирана се избориза пласман во Рио заедно со африканската репрезентација, а Македонија заврши како трето пласирана во квалификациската група 1.

Најнови вести