Корисничко име Лозинка Пријави се
08.4.2016

Лазаров: Без калкулации во сите три натпревари

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги стартува квалификациите за пласман на Олимписките игри со натпреварот против Полска во Гдањск.

На самиот старт на квалификациите се Македонија се соочува со сериозен противник, главниот фаворит за првото место, репрезентацијата на Полска кој  ја има предноста на домашен терен, но капитенот на македонската репрезентација Кире Лазаров смета дека тоа е само дополнителен притисок за тимот на Душебаев.
„Главна цел ни е да забележиме победа во дуелот против Тунис, но и на денешниот натпревар против Полска влегуваме со 100% и одиме на победа, нема да калкулираме со ниту еден од трите натпревари. Имаме голема почит кон репрезентацијата на Полска, особено кога на челото на тимот дојде Талант Душебаев. За разлика од настапите на ЕП во Краков и ние сме многу поквалитетни и имаме што да покажеме“, изјави Лазаров и додаде:
„Фактот што на стартот се соочуваме со фаворитот Полска не сметам дека може да претставува проблем. Полјаците играат на домашен терен, а со тоа и притисокот за нив е поголем. Битно е да се истакне дека во нашиот тим владее огромна желба за успех и што е најбитно квалитет. Одиме ден по ден, натпревар по натпревар и на крајот сите да се радуваме на големиот успех“, заврши капитенот, Лазаров.

Најнови вести