Корисничко име Лозинка Пријави се
24.3.2016

Хрватска лесно со Израел, Србија загуби од Полска

Репрезентацијата на Хрватска победи без примен гол, а Србија е поразена на гостувањето во Полска на првите натпревари во 2016 година.

Хрватите веќе во првото полувреме ја завршија работата против Израел со победа од 2-0 во Осјек.
Во четвртата победа по ред на Хрватска головите ги постигнаа Иван Першиќ во 4-тата и Марцело Брозовиќ во 34-тата минута.
Репрезентацијата на нашиот северен сосед претрпе пораз од 1-0 на гостувањето во Познањ, а стрелец на единствениот гол беше Блашчиковски во 28-ата минута.
На останатите пријателски средби Романија со минимален резултат од 1-0 ја совлада репрезентацијата на Литванија, додека дуелот на двата аутсајдери Гибралтар и Линхенштајн заврши без голови на југот на Пиринејскиот полуостров.

Најнови вести