Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2016

Тери: Сакам Лестер да ја освои титулата

Капитенот на Челзи Џон Тери изјави дека би сакал Лестер сезонава да ја освои шампионската титула во англиската Премиер лига.

Бранителот на титулата Челзи во сезоната влезе како голем фаворит, но не успеа да оствари добри резултати. Во поголемиот дел од првенството беше во долниот дел од табелата па клубот го отпушти најуспешниот менаџер во својата историја Жозе Мурињо и го доведе Гѕс Хидинк.
„Тоа што го прави Лестер оваа сезона е неверојатно и им посакувам така да продолжат. Ако веќе ние не можеме да ја освоиме титулата, би било одлично тоа да биде Лестер. Тоа ќе биде извонредно за фудбалот. Луѓето се по малку уморни од истите клубови на врвот во последните неколку години“, изјави Тери.
„Луѓето се возбудени поради сè што постигна Лестер, тоа им дава верба на помалите клубови дека со неколку нови играчи и вистински одлуки можат да освојат трофеи“, додаде Тери.
Капитенот на „сините“ паузираше поради повреда на тетивата, но денеска ќе се врати во тимот на натпреварот против Стоук.
“Целта е да бидам во тимот во среда за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите со ПСЖ, но се надевам дека ќе играм и против Стоук“, заврши Тери.

Најнови вести