Корисничко име Лозинка Пријави се
23.2.2016

Ракитиќ: Сакаме Меси конечно да го совлада Чех

Играчот за врска на Барселона Иван Ракитиќ го очекува тежок дуел против незгодниот тим на Арсенал.

„Играме против тим кој има многу долга и богата историја. Во моментов се една од најдобрите екипи на светот и не сакаме сите да мислат дека сме апсолутни фаворити. Сакаме да го повториме успехот од минатата сезона, но знаеме дека ќе биде тешко. Мораме да одиме чекор по чекор“, изјави Ракетиќ.
Во центарот на вниманието ќе бидат Лионел Меси и Петр Чех, на кој Аргентинецот сè уште му нема дадено гол, иако против Челзи играше во неколку наврати, поточно во четири различни сезони во Лигата на шампионите.
„Меси не постигна погодок против Чех? Се надевам дека тоа конечно ќе се промени. Сите сме свесни за каков голман станува збор и нема потреба било што повеќе да кажам за него“, додаде Хрватот.
Ракитиќ исто така откри дека тој и неговите соиграчи имаат мотив и да победат поради Арда Туран.
„Пред да тргнеме на аеродром, Арда ни посака среќа и ни рече дека би било добро да го добиеме Арсенал, бидејќи тој сака да игра во финалето на Лигата на шампионите“, заклучи Ракитиќ.
Арсенал и Барселона денес во 20:45 го играат првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Најнови вести