Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2016

Сенегалецот Нијасе во Евертон за 13.5 милиони

Сенегалскиот напаѓач Умар Нијасе прејде од Локомотив во Евертон за 13.5 милиони фунти.

Дваесет и пет годишниот напаѓач оваа сезона постигна 13 голови на 23 натпревари, а со Евертон потпиша четиригодишен договор.
„Воодушевени сме бидејќи Умар е играч кој го следиме подолго време, тој носи голема желба во веќе силната екипа“, изјави менаџерот Роберто Мартинес.
Првата мета на Евертон беше Андреј Јармоленко, но обидот за доведување на Украинецот не беше успешен.

Најнови вести