Корисничко име Лозинка Пријави се
Рекламен простор

Како дел од нашата Маркетинг и комуникациона програма ви нудиме:
  • Спортски билтен, печатено издание на спортските обложувалници Sport Life, кој излегува со неделен тираж од 70.000 примероци. Самиот билтен според структурата и содржините нуди атрактивни позиции за поставување на реклама која ќе биде проследена од навистина голема публика. Како новитет во билтенот се рубриките за автомобилизам и технологии кој ја збогатуваат и разнообразуваат содржината на изданието, а воедно го прават поинакво и позабавно од останатите слични изданија на пазарот. Билтенот се дистрибуира секој вторник и петок во мрежата на спортските обложувалници Sport Life, односно во повеќе од 125 објекти на атрактивни позиции на целата територија на Македонија.
  • Интернет страницата www.sportlife.com.mk, во себе ги содржи сите информации, статистики, вести како и најновата можност за интернет обложување. Лесната навигација и атрактивниот дизајн, како и брзината на обновување на информациите на нашата интернет страница се една од причините за посетеноста од 22.000 посети дневно. Можностите за поставување на рекламни банери и содржини се многубројни и истите може да ги добиете од нашиот сектор, како и информаија за интернет решенија зависно од вашите специфични рекламни и ПР кампањи.
  • Брендирањето на тикет за уплата и мемо-лист претставуваат атрактивни решенија и даваат можност вашето лого или логото на рекламната кампања која ја организирате да стигне до милионска публика. Тиражот во кој истите се печатат е 1 милион, и е нешто што е постојано во раката на спортските обложувачи.

  Освен споменатите стандардни солуции, дополнителните современи и актуелни можности кој ги нудиме за партнерство и соработка како сектор за Маркетинг и Комуникација се и следните:

  • Внатрешни позиции за брендирање и поставување банери што се однесува на целата национална мрежа спортски обложувалници Sport Life,
  • Интегрирање на ваши продажни пунктови,
  • Вклучување во тековните промоции и настани организирани од Sport Life,
  • Емитување на ваши содржини на интегрираната мултимедијална мрежа - монитори во нашите обложувачки пунктови ширум територијата на Македонија. Содржините може да бидат во вид на реклами, и продукциски материјали изработени во соработка со нашиот креативен оддел или индивидуално подготвени за емитување.